Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се многу очајни во обидите да ги покријат криминалните и коруптивните скандали во кои тонат од ден во ден. Затоа пресовите мораат да ги полнат со очај, немоќ, лаги и конструкции, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ по изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов дека најголемата опозициска парија сѐ повеќе наликува на грчка Златна зора.

Граѓаните јасно го гледаат политичкото силување на правната држава кое и го прават Заев и екипата околу него. Граѓаните видоа и слушнаа за куферите полни со пари од аферата „Рекет“, а одговорност од ликовите Кики, Фрики, Шеки и слични се уште нема. Граѓаните прочитаа дека Зоран Заев бил во контакт со рекетарската група која милиони евра зела од бизнисмени, а за кои се уште не им се знае трагот во чиј џеб завршиле. Граѓаните видоа дека секој кој на оваа власт и опонира е предмет на политички монтиран судски процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем заради ваквата поврзаност на подземјето со владата, Заев се повеќе ја губи поддршката и затоа нервозата во СДСМ пропорционално расте. Со право и членовите на СДСМ кои искрено си ја сакаат Македонија отворено не се согласуваат со погубната и криминална политика на врхушката во нивната партија. С’е за што генерации Македонци се бореа наназад, Заев успеа да го погази, вклучително и делата на Трајковски и Глигоров кои сега Костадинов лицемерно ги користи за да ја манипулира јавноста. Но народот ве прочита и чека прилика на избори да ве казни. Колку порано, толку подобро за Македонија, додаваат од партијата во нивната реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.