Во седиштето на СДСМ вечерва се одржува средба на партискиот лидер Зоран Заев со првите луѓе на помалите партии коалициски партнери на СДСМ.

Се очекува на средбата Заев да ги информира лидерите на партиите членки на коалицијата на СДСМ за резултатите од лидерската средба што попладнево се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

Во тек е средба на претседателот Зоран Заев со претседателите на партиите од коалициските партнери на СДСМ. Коалицијата предводена од СДСМ е фаворит на изборите на 12 април. Одиме на голема победа!, објавија социјалдемократите.

 

На лидерската средба во вилата „Водно“ беше договорно предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година и беше искажан јасен државен консензус дека лидерите на релевантните партии стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка на Унијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.