Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во денешното издание на дневникот на Сител телевизија околу новите обвиненија против Миле Јанакиески и Игор Јанушев истакна дека СДСМ е неспособна да реализира проекти па се занимава со реваншизам.

СДСМ не е способна да го доврши ниту автопатот кој е почнат од Кичево до Охрид и до Струга. Не е способна да го направи автопатот кој што го вети од Битола до Прилеп. Кога немате способност да реализирате капитални проекти, тогаш го користите Обвинителството како политичка алатка да спинувате и неспособноста да ја сокриете со вакви паушални обвиненија. Но, граѓаните знаат да направат разлика каков беше градот пред да има автобуси и каков е денес. За жал, СДСМ треба да покаже способност да се натпреварува со обнова на градот дополнително но, гледаме дека тие одат на реваншизам, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.