Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помогне да го одбегнат поразот од народот кој им следи.

Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт.

Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенди е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов, стои во партиската реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.