СДСМ во целост ги демантира лажните информации во веста со наслов „Безбедноста позади политиката: Првите луѓе на АНБ на рапорт пред ген-секот на СДСМ“ објавена на веб порталот Курир дека наводно Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Јовче Ременски вработен во АНБ вчера присуствувале на партиски состанок, реагираат од владејачката СДСМ.

Не e точно дека Димовски и Ременски вчера учествувале на каква било партиска средба. Објавената фотографија не е направена вчера, туку пред 5 години, кога се подготвуваше програмата на СДСМ „Визијата за Македонија“ и станува збор за настан од отворен карактер на тема безбедност, се наведува во соопштението.
„Со ваквата објава ВМРО-ДПМНЕ врши груба манипулација и преку порталите под негова контрола шири лажни вести и дезинформации. Од веб порталот Курир и останатите медуиуми кои ја презеле веста бараме повлекување на невистинитиот текст и објавување на овој демант во целост“, се вели во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.