Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна,  се истакнува во денешното соопштение владејачката СДСМ.

Не само што се против евроинтеграциите и членството во НАТО, туку ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дури и навиваат против напредокот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и НАТО, против реформите, против концептот со кој парите се враќаат на граѓаните, против раст на платите и пензиите, против се што е добро за граѓаните и државата. Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна. Без разлика, колку и да се против ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува по вистинскиот, правиот пат на развој, напредок и интеграција. Патот на ВМРО-ДПМНЕ води само кон обнова на криминалот и режимот, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.