СДСМ им честита на сите припадници на македонската полиција и безбедносните институции за професионалноста и посветеноста при чествувањето на 151 година од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.

Јавната безбедност беше зачувана на високо ниво, не се дозволија ескалации и загрозување на јавниот ред и мир, а чествувањето се одвиваше мирно и достоинствено.

Благодарност до граѓаните кои покажаа висока свест и чувство за државност, не подлегнаа на провокациите и не дозволија злоупотреби, не дозволија да се повреди националната гордост и чувства на македонскиот народ.

Пропаднаа сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица од една и бугарското ВМРО од друга страна. Не се дозволи да се случат посакуваните инциденти.

Затоа заложникот на Димитар Апасиев, Христијан Мицкоски два дена е во очај и разочаран, уште едно негово црно сценарио и план за тензии, конфликти и создавање хаос беше навремено спречено, се наведува во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.