Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно го блокираат Законот со кој државата по цели 80 години ќе добие нов, современ Клинички центар. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски наместо да застане на страната на граѓаните, на здравството, го саботира овој Закон и ја збунува јавноста со лаги и манипулативни конструкции преку парцијални документи и со тоа директно нанесува штета на здравствениот систем и граѓаните – обвинуваат од СДСМ.

Според нив Предлог Законот предвидува изградба на нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбедува високо квалитетни здравствени услуги на населението во државата во следните неколку децении.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се водат од одговорноста на граѓаните, особено во овој вонреден период и да помогнат во изнаоѓање на решенија во интерес на граѓаните и унапредување на здравствениот систем, исполнуваат желби на Мицкоски упорно кочејќи го овој важен проект и покрај тоа што токму тие имаат отворена понуда да го водат целиот процес.

Според нив бидејќи опозицијата не планирала да се откажат од блокадите, логично било пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат за блокадата на овој Закон, како и за другите 26 закони кои биле во интерес на граѓаните и државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.