СДС призна дека стои зад партискиот повик за ангажирање на професионални војници, единиците на АРМ ги направија штабови на СДС. Од вечерашново соопштение на СДС видовме дека тие единствено жалат што партискиот оглас за вработување во АРМ излезе на виделина. СДС да одговори зошто дезертерот Ковачевски и првиот негов калфа Зечевиќ дале наредба до општинските организации да се ангажираат партиски војници за професионална армија – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението од СДСМ со кое владејачката партија се огради од објавата на фејсбук профилот на нивниот огранок во Арачиново

ВМРО-ДПМНЕ запраша како тоа партијата распишува повик за ангажирање на партиски членови за професионални војници?

-Единиците на АРМ ги направија штабови на СДС. Ова е срам за НАТО. СДС ја обрука Алијансата и покажа дека нема критериуми при избор, туку се се прави по партиски клуч. Попусти се обидите СДС да се правда, потребни се оставки. Оставка од Славјанка Петровска, оставка од Ковачевски – реагираат од опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.