Поранешниот член на Презедиумот на Левица, Здравко Савески, реагира на информацијата објавена во нашиот текст „За удрени шамари опомена, за неудрени затворска казна“ дека во судскиот процес што се води против него за наводно учество во демолирањето на Канцеларијата на Претседателот на РМ, судот целосно ги ослободил него и Владимир Куновски.

Таа одлука на првостепениот суд е отфрлена од апелација во јуни 2019 и судскиот процес сè уште трае. Овој судски процес се води толку долго, зашто во немање докази против мене, се одолговлекува судскиот процес преку сите граници со цел на таков начин да се изврши казнување без при тоа за тоа да има каква било судска одлука. А казнувањето се врши од страна на инструментите на власта прво на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и на СДСМ, поради мојот критички став и против едните и против другите, вели Савески во демантот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.