Откако вчера беше објавена аудио-снимка од пратеникот Павле Богоевски, речиси целата јавност бара од него да си поднесе оставка. Професорот Здравко Савески вели дека Богоевски одамна требало да поднесе оставка, затоа што, според него, заборавил на сè за што се бореше во Шарената револуција.

Богоевски треба да поднесе оставка. Фактички, веќе одамна требаше да поднесе оставка. Сето она за што се бореше во т.н. Шарена револуција, сè заборави кога седна на фотелјата. Заборави дека граѓаните кои протестираа се бореа за владеење на правото и за социјална правда. Самиот соучествуваше во менувањето на Кривичниот законик за да се истера политичка агенда и да се спасат од правдата одредени лица. Не побара одговорност од претставниците на извршната власт поради бегството на Груевски. Не придонесе за намалување на привилегиите на функционерската класа. Не упати речиси ниту една критика на злоупотребите на власта од страна на СДСМ при слични ситуации кои остро ги критикуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Во целина, тој се вклопи во сивилото на пратениците на СДСМ во Собранието, наместо да биде гласот на граѓанските активисти во него, вели Савески за Фокус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.