Иднината е во нашите и во вашите раце. Да не ја губиме надежта бидејќи Европската унија има потреба да работи заедно со Македонија да се направи се за таа да биде членка и да учествува во изградбата на нова Европа – порача денеска во Скопје претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Тој при денешното отворање на Европската куќа во Скопје рече дека за Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија, Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори и изрази надеж дека малкуте држави кои имаат резерва по ова прашање ќе успеат да ги надминат нивните сомнежи.

Имаме заедничка судбина и не е доволно една мала блокада за да се запре вниманието што го имаме кон вас, а тоа е Македонија да стане дел од Европската унија. Се работи за разочарување, но треба да имаме голема доверба и надеж – рече Сасоли, обраќајќи им се на младите кои присуствуваа на отворањето на Европската куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.