Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар е револтиран од мерките кои ги презеде Владата со цел да се спречи шириењето на коронавирусот во Македонија и воведувањето на полициски час за време на викендов низ целата државата. За пензионерите, кои се најранлива категорија кога станува збор за можноста да се заразат и да заболат, Владата предвиде само два часа, од утре од 10 до 12 кога ќе смеат да се движат надвор.

Ова ви беше целта со меркиве? За ова ви беа мерките? Дали некој од вас ги предвиде последиците? Дали презема нешто?
Како планирате да ја спречите заразата?
Вака? Кога луѓе во два саати ќе мора се да подмират за да преживеат со денови во 24 часа полициски час?
А бе ај…, пишува Тасевски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.