Хепенингот на Владата организиран по повод Денот на независноста на Република Македонија во Градскиот парк на Школка не им се допадна на многумина, но не затоа што се вкусови во прашање, туку затоа што се работи за национален празник кој беше сведен на ниво на пролетен панаѓур.

Актерот Сашо Тасевски ја прашува власта како планира да владее и со кого, кога тоа мнозинство на кое му припаѓа по потекло, органски не ја поднесува, па ѝ предлага догодина на денот да раздава пченица за душата на покојникот јасно аулудирајќи на земјата што ја погребуваат.

На школка за Денот на независноста стотина јадници, а водителот Тноковски никако да му се испушти зборот Македонија. Нашата земја та нашата земја.

Било каде во друга држава за денот на независноста има дефилеа, воени паради, преполни улици со луѓе и цвеќиња. Насмеани лица.

Премиерот на Малта ни честита со Р. МАКЕДОНИЈА, вие од власта и вашите подмочани, бледолики, советници, ја нарекувате Северна дури и во комуникација на фејсбук. Јавно избегнувате името да ѝ го спомнете, зашто сте свесни дека тоа СЕВЕРНА го револтира мнозинството, етнички Македонци.

Прашање: Како планирате да владеете и со кого, кога тоа мнозинство на кого му припаѓате по потекло, органски не ве поднесува?

Во село Волино, полицијата приведуваше луѓе ко стока што би рекол преЦедникот, оти навредувале високи функционери во власта. Така велат.

А бе во време на Тито немало такви брутални јавни апсења. Ќе дошле ноќе и ќе те привеле, никој да не види.
Јас сум за тоа, овие од Волино да ги стрелате, без судење. Зашто светоста на државните функционери треба да биде на рамниште на кравите во Индија.

Жените од ВМРО наводно се поклониле пред струганите шахти. Ако е тоа точно, утре некој просеверен Еским од заебанција ќе ви залепи стикер на ќенеф со знамето од Кутлеш и ќе го иструга. Дали тоа значи дека и пред ќенефот ќе се поклоните?

Така најголемиот државен празник стана ден на национален срам, приватна журка која се слави само во неколку куќи, зад црни завеси на прозорците како во време на тревога пред бомбардирање.
Предлог до власта: Следниот осми септември, да се раздава блага пченица. За душата на покојникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.