При гостување во дебатната емисија „Само вистина“, актерот Сашо Тасевски зборуваше за штетниот договор на Република Македонија со Бугарија, како и за распродажбата на националната историја.

Според Тасевски, оваа власт само се занимава со распродажба на националните интереси и ништо друго. Тој посочи дека во програмата на СДСМ кога водеше кампања во 2016 година, немало ништо од ова што сега се случува, бидејќи доколку СДСМ тогаш ги искажеле намерите за промена на името со цел влез во ЕУ, ќе се зацементирале во опозиција уште дваесет години.

СДСМ го исполажа народот, испогани се што е македонско и го понижи македонскиот народ. Ме револтира фактот што некој насилно ми го менува името и ми вели дека не сум Македонец. Никој не даде за право да се промени уставното име на државата, а СДСМ и Зоран Заев не само што го променија името, туку ја продадоа и историјата. Го исекоа коренот на државата и за тоа некој ќе мора да одговара порано или подоцна, но ќе треба да плати со цена која што најверојатно ќе се едначи со цена на живот – вели Тасевски.

Тасевски истакна дека Македонија не почувствува ништо добро по т.н добрососедски договори со Бугарија и Грција.

Напротив договорите се еднострани и тие ги испорачуваат нивните барања, а македонците мора да прифаќаат и да климаат со глава, само поради неколку луѓе кои своеглаво потпишуваат договори за кои немаат легитимитет – заврши Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.