Новинарот Петрит Сарачини, експерт за медиуми шири лажна вест дека веста на „Република“ со наслов „Пи-арот на Владата се засилува со Жарко Трајановски и Петрит Сарачини“ е избришана и не постои.

Во пост на Фејсбук Сарачини објавува скриншот од Тајм.мк и тврди дека текстот не постои. Но, тоа не е точно.

Веста постои во архивата на „Република“. Ако коза лаже, рог не лаже, ама козата не е Република… Козата сепак има друго име.

Еве ви во прилог скриншот од Тајм.мк, каде се гледа дека „Република“ објавила таков текст во 2018 година. Ако кликнете на тој линк, ќе видите дека текстот веќе не постои! Ерор 404. Пиши-бриши, што би се рекло. Но трагови сепак – останале, пишува Сарачини на Фејсбук.

Инаку, во пост на Фејсбук Сарачини објавува дека добил известување од Советот за етика во медиуми на Македонија (СЕММ) во кое се отфрла неговата претставка за текстот во „Република“. СЕММ смета дека авторот на содржината изнесува податоци кои се однесуваат на претходните и актуелните ангажмани на Сарачини во јавни институции, вклучително и дека е дел од предметната листа хонорарци во Владата.

Предмет на новинарска опсервација е јавна личност, односно новинарот, експерт за медиуми, активист и музичар, Петрит Сарачини, како дел од листата хонорарци, ангажирани во Владата преку авторски договори. Авторот на содржината изнесува податоци кои се однесуваат на претходните и актуелните ангажмани на Сарачини во јавни институции, вклучително и дека е дел од предметната листа хонорарци во Владата, информација што неодамна ја потврдил и самиот Сарачини. Комисијата оцени дека изнесените наводи во текстот, во голем дел, се веќе познати и апсолвирани информации, кои не можат да се окарактеризираат како невистинити, а дилемите и прашањата кои ги поставува медиумот, колку и да се провокативни, се издржани и новинарски оправдани. Став на Комисијата е дека текстот е обработен на начин што авторот можел, но немал обврска да побара „втора страна“, велат од СЕММ.

Неговото име стои на официјалната листа на таканаречени тајни хонорарци што докажува дека во веста на „Република“ нема никаква лага или извртување на вистината.

Само што добив известување од СЕММ дека моите претставки поврзани со написи на два портали во хајката за „тајните хонорарци“ се отфрлени.

Во одлуката на СЕММ за претставката за порталот „Република“, меѓу другото се вели:
„Предмет на новинарска опсервација е јавна личност, односно новинарот, експерт за медиуми, активист и музичар, Петрит Сарачини, како дел од листата хонорарци, ангажирани во Владата преку авторски договори. Авторот на содржината изнесува податоци кои се однесуваат на претходните и актуелните ангажмани на Сарачини во јавни институции, вклучително и дека е дел од предметната листа хонорарци во Владата, информација што неодамна ја потврдил и самиот Сарачини. Комисијата оцени дека изнесените наводи во текстот, во голем дел, се веќе познати и апсолвирани информации, кои не можат да се окарактеризираат како невистинити, а дилемите и прашањата кои ги поставува медиумот, колку и да се провокативни, се издржани и новинарски оправдани. Став на Комисијата е дека текстот е обработен на начин што авторот можел, но немал обврска да побара „втора страна“.“
Не знам како, но Советот за Етика во одлуката за порталот „Република“ не видел дека истиот тој портал, во 2018 објавил вест дека сум ангажиран во Владата, а сега повторно ме „открива“, и тоа како „таен хонорарец“?!
Значи, не се работи за „неодамна“ потврдена информација, туку информација објавена официјално од Владата и од повеќе портали, уште во 2018 година.
Или, што велат старите, ако коза лаже, рог не лаже. Еве ви во прилог скриншот од Тајм.мк, каде се гледа дека „Република“ објавила таков текст во 2018 година. Ако кликнете на тој линк, ќе видите дека текстот веќе не постои! Ерор 404. Пиши-бриши, што би се рекло. Но трагови сепак – останале.
Нека им служи на чест на оние што ја донеле оваа одлука, а мене ми е должност да го објавам ова, макар за јавноста, да знаеме сите како стојат работите. Да сте ми живи и здрави, јас оваа битка против пропагандистите ќе ја продолжам, сè до победа!, пишува Сарачини на Фејсбук.

Сарачини е на листата на оние хонорарци, платени од џебот на граѓаните, а држени во тајност од страна на Владата. Се чини парите на граѓаните одат за пропагандна машинерија на Владата задолжена да лепи етикета „лажна вест“ на се она што не и се допаѓа на Владата, без разлика на вистинитоста на информацијата. Така за лажна вест беше посочена информацијата за тајниот хонорарец кој зел награда од УЈП за Мој ДДВ. Иако се работеше за прашање дали се работи за истиот човек, УЈП и Владата се дрзнаа да обвинат за лажна вест, и притоа воедно да одговорат потврдно на нашето прашање. Л од лага нема, но затоа има големо незадоволство од објавување на вистината.

Само што добив известување од СЕММ дека моите претставки поврзани со написи на два портали во хајката за „тајните…

Posted by Petrit Amon Mra Saracini on Wednesday, 5 May 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.