Откакоп Павле Богоевски ја потврди автентичноста на снимката од која се случа дека нешто порачува…., aктивистот Петрит Сарачини, кој е ангажиран во пи-ар службата на Владата, застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски за аудио-снимката со теорија дека е сечена, лепена, монтирана.

Бај д веј, прашајте секој поупатен во аудио обработка, оваа снимка е сечена. Меѓу пцовката и „нарачката“. Чудно како тоа не го забележа нашата преупатена јавност и експерти.

А, тој што ја сечел, морал да ги спои, односно „лепи“ двата дела, без „грамот“. Од тоа што се нашло. За снимката да биде цела. Тоа повлеквиТ процес што во продукцијата се нарекува – монтирање.

А кој тоа сече, лепи и монтира? Од каде ли ни беше тоа познато? Кому фали грам? Е, тие заклучоци, Младиќот остава на вашата пребујна фантазија и ум сами да си ги донесете, пренајлични мои“ пишува Сарачини за ЦивилМедиа во напис насловен „Кому му фали грам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.