По повод вчерашната одлука на Советот на ЕУ да не стави на дневен ред точката за разгледување на датумот за почеток на пристапното членство на Македонија, се огласи Движењето за Национално Единство на Турците.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението потпишано од претседателот на партијата, Ердоган Сарач:

Засега непринципиелноста на ЕУ и бавноста на Бугарското Собрание ја спасија Македонија од капитулација. Но останува на граѓаните на Македонија да кажат до колку ќе трае оваа агонија. Сега веќе е јасно секому дека Владата на РМ безобразно ја лажела јавноста во Македонија наводно дека не е запознаена со францускиот предлог. Убедени сме дека доколку Бугарскиот парламент потврдуваше на време фанцускиот договор со дополнителни барања за претпристапниот договор, Ковачевски ќе го потпишеше и со тоа ќе ставеше бомба на државните темели на Македонија.

Голем неуспех на владата е што воопшто не се разговараше за проширување на Западен Балкан и посебно Македонија. Оттука повеќе од јасно е дека доколку имаат и малку чувства на срам и одговорност, министрите задолжени за евроинтеграција и надворешни работи поради овој дебакл треба да поднесат неотповикливи оставки. Толку крупни работи се разгледувале, а овие наводно немаат поим од развојот на настаните и францускиот предлог.

Загрижени сме што ЕУ ги гази своите принципи на сметка на Бугарија и ги руши темелите на една земја која непрекинато е посветено на европските принципи и заложби за членство во неа. Од вчера веќе ништо не е како порано.

Повеќе од јасно е дека оваа влада не располага со државнички капацитет да ги заштити државните и граѓанските интереси на Македонија. Изјавата на премиерот Ковачевски во Брисел личи на онаа позната турска приказна кога „газдата го брка работникот од работа“, а тој излегува надвор и вели „не ме избрка газдата туку јас ја напуштив работата“. Оттука како излез од оваа дополнителна криза во земјата, итно, потребни се предвремени парламентарни избори за спас на државата од понатамошно тонење и распаѓање. Со надеж дека разумот ќе надвладее над инатот на власта по секоја цена да го задржи управувањето со земјата, апелираме да и опозицијата се приклучи во надминувањето на новата состојба и заеднички да се определи датум за итни предвремени избори. Овој дебакл во Брисел налага Владата да поднесе оставка поради измама на сопствените граѓани и необјективните надежи за брза интеграција во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.