Со 682 гласа „за“ и два „против“ на денешниот 26. конгрес на Социјалдемократскиот сојуз делегатите го изгласаа предлогот на претседателот на партијата Зоран Заев за заменик-претседател – Сања Лукаревска. Дикреторката на УЈП доаѓа на местото на Радмила Шекеринска, која два мандати беше на оваа позиција.

Конгресот денеска треба да го избере и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ, за што делегатите добија листа од 120 имиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.