Две нови пратенички од листата на СДСМ ќе влезат во Собранието на РМ, Санела Шкриељ и Марија Кочовска по изборот на новата влада на Димитар Ковачевски во која од парламентот ќе одат на министерски позиции Славјанка Петровска, која ќе биде министерка за одбрана и Бисера Костадиновска Стојчевска, идната министерка за култура.

Санела Шкриељ влегува во парламентот како следна, односно 14-та на листата на СДСМ во втората изборна единица.

Марија Кочовска од петтата изборна единица следна жена на листата, која би влегла во парламентот на местото на Костадиновска-Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.