И дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска е во самоизолација, откако вчера заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, која денеска доби позитивен тест на ковид-19, беа во Куманово.

На таканаречените „координативни средби“, носителите на листата на кандидати на СДСМ во ИЕ 2 на граѓаните на Куманово им делеа маски и флаери за тоа колку успешно се спревуваат со корона-кризата.

Како што соопштија од партијата, согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со потпретседателот Мухамет Зекири и Лукаревска, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.