Секој ден нов поразителен податок за катастрофалното менаџирање со ковид кризата од страна на Заев и Филипче, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради неспособната власт 10.000 македонски граѓани се вакцинираа само во Врање, а вкупната бројка кои спас од ковид-19 најдоа пред се во Србија и соседството надминува 40.000 македонски граѓани. Овие лица плаќале цел живот даноци и здравствено осигурување, за сега во ситуација кога им се загрозени здравјето и животите, да мораат да одат во странство да се вакцинираат и да трошат дополнителни средства за таа цел. Филипче и Заев ги оставија граѓаните на цедило, без вакцини тогаш кога најмногу требаше. Затоа смртноста во Македонија од ковид-19 е огромна и кој знае колку животи ќе се спасеа ако масовната вакцинација почнеше во јануари или февруари. Сега власта ако има барем грам доблест ќе прифати одговорност и ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за рефундирање на средствата на граѓаните кои поради немањето вакцини во Македонија се вакцинираа во странство. Тоа е најмалку што власта може да стори да ја исправи оваа неправда кон оние кои со вакцинирањето во соседството го заштитија своето здравје, здравјето на најблиските и придонесоа за јавното здравје“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.