Во последниот месец се објавени огласи за близу 400 административци, a sамо во последните 2-3 години власта вработила нови 24.000 луѓе, oбјави активистот Ивор Мицковски, додавајќи дека буџетот не може да го издржи товарот од 200 илјади административци.

Идемо, имаме податоци за нова прогресија.
Во последниот месец се објавени огласи за близу 400 административци.
Платите на новите вработени во овие институции се движат од 22.000 до 80.000 денари.
Најмногу административци вработуваат Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците на Груби и ДУИ со вкупно 166 и Фондот за здравство – 134.
Еве го еден од цеховите за задржување на оваа катастрофална коалиција која само се бави со лажни датуми и вистински криминал, клиентелизам и корупција, со една болна и антидржавна партизација.
Имаме речиси 200.000 илјади вработени во администрација, нешто што буџетот не може да го издржи, а се удира од глава и од приватниот сектор. Само во последните 2-3 години власта вработила нови 24.000 илјади луѓе.
Ја уништивте земјава, Швајцарија да бевме ќе не пропадневте, вели Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.