Шефот на државата Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери остануваат на своите позиции за тоа дали Парламентот можев да се смета за конституиран само со верифицирани мандати на пратениците или пак е неоходно да се избере спикер.

За Кабинетот на Пендаровски нема дилеми дека Собранието е конституирано и оти течат десетте дена за доделување мандат за Влада.Но, Џафери не мисли така и тој нема намера да го информира шефот на државата дека Собранието е конституирано бидејќи според него тоа не е случај.

Џафери предупредува дека е можна уставна криза во државата.

Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците“, истакна Џафери за „ТВ 21“.

Џафери го повикува Уставниот суд да се изјасни за оваа дилема иако засега никој нема поднесено иницијатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.