Македонија е во очекување на состанокот на министерскиот совет на Унијата на почетокот на овој месец и на можноста да се даде зелено светло за преговарачката рамка, а германската канцеларка Ангела Меркел вчера со порака дека земјава се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со Унијата.

Таа на вчерашната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент сепак рече дека тие се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на Меѓувладината конференција и дека се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и  Македонија.

-Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со  Македонија. Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање дали ќе успееме навреме со Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Македонија, нагласи германската канцеларка.

Подоцна, одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.