Македонците кои живеат на територијата на Србија, се вознемирени поради тоа што во документите не стои описот на уставното уредување на земјата.Како што велат не успеале да добијат објаснување зошто, никаде не стои терминот Репубика.

Зошто го нема полното име? Нашата држава е Република, а не област „Северна Македонија“! Сакаме да знаеме дали е ова правило што произлезе од преспанскиот договор, а не го знаеме? Има ли грешка и каде да ја бараме? Дали српските власти постапиле согласно некаков правилник или договор со македонската страна? прашуваат Македонците во Србија.

 

На ваквиот потег Македонското министерство за надворешни работи изјави дека се постапува според Преспанскиот договор кој тоа го дозволува и дека во документот може да стои и терминот „Република“ но и немора, а државата во која живеат Македонците сама одбира за тоа.

 

Долгата и кратката форма на името на државата се подеднакво валидни. Која од нив ќе биде искористена во конкретен случај (во зависност од просторот кој го имаат во одредена ситуација) е избор на секоја од земјите. Не е во наша надлежност да одговораме за нивните одлуки или решенија во нивните документи. Не постојат договори или правилници од тој тип како што наведувате, велат од министерството за Алфа.

Официјалните имиња на државите ги содржат термините Република, Кралство, Сојузна Република и слично за да се разликуваат географските области а тоа и ја отсликува нивната сувереност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.