Координираната акција за давање на поддршка на премиерот Зоран Заев по неговите скандалозни изјави за бугарската БГНЕС и по барањето на поранешниот претседател на СДСМ и премиер Бранко Црвенковски централниот одбор на партијата да се огради од неговите изјави заврши со споделување на линкот од партиското соопштение, во кое се вели дека ставовите на Заев се и партиски и државни ставови, само од неговите блиски луѓе а кои се дел од Владиниот кабинет.

Линкот со copy-paste текст беше споделен од страна на Љупчо Николовски, Бојан Маричиќ, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Мухамед Зекири и Мила Царовска. Поддршка за Заев изразија и Венко Филипче и Благој Бочварски но не преку споделување на линкот туку со авторска дескрипција пред објавите.

Од актуелните министри, од тоа што може да се забележи, барем од официјалните фејсбук страни и личните профили на министрите (преку public постови) овој линк а и воопшто било каква поддршка за премиерот немаше кај министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и кај министерката за култура Ирена Стефоска.

За разлика од нив, при проверките за партиската насока за споделување на линкот, ситуацијата кај скопските градоначалници беше значително поразлична.

Имено, на своите лични профили (public постови) и официјални фејсбук страни, единствено градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски имаше објавено заедничка слика со Зоран Заев пред која имаше напишано „една слика 1000 збора. Одиме напред.“. На профилите на Петре Шилегов, Стефан Богоев, Филип Темелковски, Златко Марин, Саша Богдановиќ и Александар Наумовски немаше ниту објава поврзана со Заев, ниту поддршка за него ниту било каков друг пост поврзан со изјавите на Зоран Заев.

Исто така и поранешните министри како Дамјан Манчевски, Нина Ангеловска, Рената Десковска, Кочо Анѓушев и други го немаа споделено партискиот линк ниту пак имаа објавено било каква поддршка за нивниот партиски лидер, Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.