Само да знаете, после сликава вчера мирно спиела и се смеела на вашиот револт, коментира порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за фотографијата на која министерката за обрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска позира пред амблемите на УЧК и албанското знаме.

Ова не е жена со совест, најмалку со почит кон Република Македонија и патриотите што живот дале.
Ама ќе биде добро после избори!
Ќе победиме! Ова само нека ве потсетува до избори на што се спремни!
Да живее Република Македонија, порача Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.