Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица, во Прилеп во Кавадарци двојазичност. Глупости невидени до каде забегаа. Зборува дали лекарот ќе направил проблем па живот ќе се загубел, ова е невидено.

За потсетување, ова се зборови на Зоран Заев, тогаш премиер, на тема двојазичност и двојазични табли.

Оттогаш, не само што институциите низ места како Пробиштип или Неготино добија табли со називи на македонски и на македонски и на албански јазик, туку сега им се приклучува и Кочани, каде државното правобранителство можеби работи како што треба, можеби не, но битно е и „северно“ и албанско.

Во Кочани живеат толку малку Албанци, што на табелата за етнички групи живеат во градот, за нив нема податоци. Значи нивниот број е толку незначителен, што се наведени под графата „други етнички групи“, која со 0.27 отсто е исто така е незначителна.

Според податоците, само 0,004 отсто од граѓаните во Кочани зборуваат албански јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.