Самка Ибраимовски, пратеник од ПЦЕР во македонското собрание на своите избирачи им наоѓа работа во Германија. на неговиот фејсбук профил тој ги повикува сите ѕидати, тесари, градежни работници да го контактираат на мобилниот телефон за работа во Германија. Коментарите на социјалните мрежи се движат во насока дека претставникот на Ромите во македонскиот парламент е Агенција за вработување или за странски инвестиции.
-Дојде #ЗаЖивот и за Ромите – ама во Германија. Се прашувам дали е Самка Биро за Вработување или Агенција за Странски Инвестиции?, се вели во еден коментар.
-А бре што дочека народот, дојде живот за ромите во Германија. Самка, биро за вработување, ама во Германија, напиша друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.