Самка Ибраимовски, претседател на политичклата партија ПЦЕР, поранешен министер без ресор во Владата на Зоран Заев, како и поранешен пратеник, е незадоволен од резултатите на пописот, за кој вчера беа објавени резултатите, потенцира дека ова што е се случува е срамота.

– Статистика дали сте нормални, по вас само умирале Роми, не се раѓале, брука невидена 30 отсто не се попишани. Директоре, тебе лично јас ти се јавував дека не биле попишувачи во многу градови, еве што се случи, Срамота – пишува Ибраимовски на својот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.