Новинарот Фуркан Салиу објави видео на кое се гледа дека вчера на Мечкин Камен навистина се скандирало “Северна, северна” со што ги негираше владините советници за медиуми.

Тој не е сигурен дали Владата намерно зборува за лажни вести да ја намали довербата во сите медиуми.

Употребата на терминот #FakeNews пречесто од страна на владини функционери ја нарушува и онака слабата доверба на граѓаните кон медиумите.

Дали ова се прави намерно? Сеуште не сум сигурен.

Сакам да останам на моето уверување дека во Владата моментално не се знае кој јаде, кој пие”, заклучува Салиу.

Вчера владата преку своите советници објави дека видеото на кое се гледа срамното скандирање било лажна вест, а видеото го објави само порталот инфомакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.