Како е можно премиерот да ги каже овие зборови, прашува новинарот Фуркан Салиу, коментирајќи ја вчерашната изјава на Зоран Заев дека не размислува за оставка и не размислува за одговорност по трагедијата во Тетово.

Едноставно моќта, власта не е за балканци, коментира Салиу, потенцирајќи дека – Втор мандат на Балканец не му се дава.

Ако премиерот навистина сака да не се злоупотреби овој настан за политички цели, нека ги прифати оставките. Нека овозможи независна истрага без притисок од лица кои се потпишани во тие документи и кои ќе направат се за да си ја спасат својата кожа. Ако барањето одговорност од опозицијата е само за политички поени, тогаш зошто додека трае истрагата премиерот и сите од неговата Владата тврдат дека модуларните се сигурни и дека се изградени според сите стандарди. Епа не се премиере, му порачува тој.

Салиу потенцира дека:

– Објектот во Тетово нема дозвола за градба и е илегален.
– Струјата е приклучена на диво од зградата на Тетовската болница.
– Цевките за кислород се оставени на отворено, надвор од сите стандарди и едно мало дете може да ги оштети.
– Во техничката спецификација на тендерот се зборува само за енергетска ефикасност, нема ниту едно зборче за противпожарен систем. На пример, НАТО стандардите за модуларните објекти се јавно достапни, документот за техничката спецификација содржи 7 страни и преку 100 точки.
– Лицата кои биле вработени во Министерството за здравство, а во исто време работеле на изготвување на документацијата за изградба на модуларната болница, незаконски биле платени со хонорари од по 90.000 денари.
– Пет дена пред да изгори објектот, немаше ниту еден противпожарен апарат.
– Противпожарните апарати во објектот на Тетовската болница се неисправни, документот кој го потврдува тоа сеуште стои закачен на нив.
– Ако објектот беше изграден според сите стандарди, немаше да изгори за 3 минути. За јавни установи, според Законот за градење во случај на пожар објектот треба да издржи најмалку 30 минути.
ИТН!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.