Новинарот  Фуркан Салиу на неговиот Твитер коментирајќи го боледувањето на специјалната обвинителка и нејзиното непојавување  изминативе денови Катица Јанева прашува дали по боледувањето Јанева ќе побара лекување во странство.

Денеска СЈО соопшти дека Јанева отворила боледување на 16 јули, но не кажаа од што боледува Јанева и врз основа на што отворила боледување.

На Јанева во понеделникот ѝ беше одземен едниот мобилен телефон во рамки на истрагата за случајот „Рекет“ за кој осомничени се Боки 13 и Зоран Милески  Кичеец, додека пак за другиот телефон таа изјавила дека го изгубила. По овие случувања Катица Јанева не е видена во јавноста и сѐ уште никој не знае каде е, а ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција посочи дека кружат информации дека заминала од Македонија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.