Новинарот Фуркан Салиу има неколку забелешки поврзани со вчерашниот протест за случајот „Монструм“.

Дволично е, смета Салиу, кога луѓето што дојдоа на власт со протести забрануваат протест пред Владата.

Да, власта не смее да се меша во судски одлуки но претседателот на оваа влада има изјавено дека невини луѓе лежат за Смилковско Езеро.0, потсетува Салиу на изјавите на Заев, кои се покажаа неточни.

Насилството врз полицијата е неприфатливо, исто така, смета тој, зашто вчерашните протест воопшто не беа мирни протести, но и насилството на полицијата врз граѓани кои не беа насилни и кон граѓани кои не беа ниту дел од протестите (види видео) исто така е неприфатливо.

Очекувам истрага од Внатрешна контрола за овој случај, а еве снимките ќе им ги обезбедам јас, пишува тој, споделувајќи снимка на која полицијата во јуриш прегазува постар маж кој преминува улица, викајќи по него „тргни се бре“.

Нападите врз новинарите исто така се неприфатливи! Посебно ако се нападне еден камерман како Вишко, кој цел живот го има посветено на новинарството и на телевизијата, завршува Салиу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.