Сите иницијативи кои се превземаат од родители и одредени групи не сносат правна одговорност. Инстутот за јавно здравје и Министерството за здравство имаат искуство со пандемии и епдемии кај децата според нашите искуства нема да има потреба од изолација односно онлајн учење во овој период затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, кажа министерот за здравство Беким Сали во врска почетокот на второто полугодие.

Второто полугодие ќе почне со физичко присуство на 1 февруари и ние како министерство ќе направиме скрининг по случен избор на деца и во зависност од регионот ќе превземеме нови мерки, рече министерот.

Во врска со најавите на иницијативите дека децата ќе ги испратат во училиште без маски, министерот упати апел објаснувајќи:

Mаски треба да се носaт и личната хигиена е најважна.

Тој напомена дека бројот на заболени е намален изминативе денови.

Нема зголемување забележуваме дека има опаѓа на бројот на зарзени нема потреба од нови мерки, кажа Сали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.