Извештајот од Институтот за судска медицина од кој ќе бидат познати причините и начинот на кој настанала смртта на ракометарот Денис Тот не е готов и го чекаме, но не би сакале да правиме притисок врз институцијата, рече денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарски прашања.

Обдукцијата на ракометарот заврши пред речиси две недели, исто како и стручниот надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на КАРИЛ, меѓутоа јавноста уште нема информации што тие содржат. Министерот Сали само кратко рече дека немало пропусти во начинот на кој ракометарот бил третиран на КАРИЛ.

Најави и дека по комплетирање на сите документи, ќе се формира комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.