Активистката на СДСМ Видана Бошкова Мицевска изгледа дека има толку многу гнев собрано во себе, што веќе и не гледа кај го истура. Таа беше една од членовите и активисти на СДСМ кои беа дел од скандалозниот напад врз министерката Рашела Мизрахи со антисемитистички пораки, за кои после неколку дена се извинуваше и поранешниот премиер Зоран Заев.

Сега, оваа жена само докажа дека за неа единствени идоли се политичарите од неа блиската СДСМ чии скандали и криминали не ги коментира, но затоа за други не штеди погрдни зборови. Овојпат на дневен ред дојде виртуозот Симон Трпчевски и тоа поради неговите забелешки на условите во кои тој и Филхармонискиот оркестар одржуваа концерт во Штип.

Поттикната од неговата реакција на нехуманите услови во кои настапувал, таа наместо да застане на негова страна, го исплука. Имено, на Фејсбук напиша:

Симон Трпчевски прекинал концерт во Штип заради лоши услови. НА КУЛТУРАТА НЕ СМЕЕЛО ДА СЕ ШТЕДИ.

Симоне Симоне. Не штедеа вмро и направија МНТ за 42 милиони ЕВРА и филхармонија од 40 милиони исто ЕВРА.
Следниот пат кога ќе ти се прави концерт таму некаде надвор од Центар, земи 2 автобуси и донеси ги луѓето во филхармонија. Или цела држава во МНТ.

Сакав да пишам мочко, ама да не претерувам- напиша Бошкова Мицевска.

Концертот кој што се одржа во рамки на Домот на културата „Ацо Шопов“ виртуозот бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало проблеми и со струјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.