Собраниската седница на која треба да Законот за јавно обвинителство е паузирана по барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Претходно пратеникот, по неколкукратно препукување со колегата од редовите на СДСМ, Јован Митрески, извади лист со фотографии од обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, и од поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Сакате ли да се потпишам на овој лист и да одиме на избори?, праша Мицевски.

Тој рече дека во фотографијата треба да гледаат сите присутни пратеници, па ја остави на говорницата.

Собранискиот спикер Талат Џафери пред паузата нареди да се отстрани листот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.