Роднините на функционерите и од власта и од опозицијата треба да се повлечат од своите работни места што ги добиле како резултат на влијанието на нивните блиски, изјави денеска Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, на што остро реагира поранешниот функционер на СДСМ Ивор Мицковски.

Добро бе, што ви е на вас, што апчиња пиете, од тие вмровски едни, портокалови, што те прават вака глуп.

 

Ало морони, ветувавте дека ќе ја исчистите администрацијата, вие курац, рамковни не можете да ги средите, па на тоа исповработивте уште толку, реагира Мицковски.

Тој додава дека ако веќе имат сомнеж или доказ за минат непотизам, треба одма да бркаат.

Ама не, вие сте толку лигави, што сега ќе ја вртите причата на минатото.

 

Абе сакаме од вас да видиме реформи и промени, да сакавме од прошлите немаше да ги рушиме, а вас да ве частиме.

 

Преземете одговорност, се убивавте од ветување како ќе намалите јавна администрација, сега истото го правите што и ВМРО.

 

Ама ај они прво нека си дале оставки, па вие. Боже како ви текнуваат вакви срања, на власт сте бе лигуши, вели Мицковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.