Пандорината кутија со Бугарија ја отвори Зоран Заев со потпишувањето на Договорот за добрососедство. Секој следен предлог на Бугарија ќе биде полош од претходниот, зашто Заев им го даде тоа право на Бугарите, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва се обрати пред младината на партијата на одбележувањето на 30-годишнината од основањето на Унијата на млади сили.

Македонија треба што поскоро да почне преговори со Европската унија, но воедно треба системски да реши работи. Сакам да се знае дека таткото на спорот со Бугарија е Заев. Заев вели дека португалскиот предлог бил во игра, а тој предлог Софија веднаш го отфрли. Бугарската влада вели дека бугарската декларација е нивната појдовна основа, а таа содржи квалификации какви Заев ги кажа во интервјуто на БГНЕС, дека имало тука администрација, а не окупатори, дека јазикот во Струмица и Петрич бил ист, дека хероите биле заеднички, а не споделени. Затоа, овој пат народот излегува на улиците и покажува што може и што ќе биде доколку Заев ги помине црвените линии. А црвените линии се нашите македонски идентитет, историја и јазик. Не смееме да дозволиме уште едно национално предавство на Заев, рече Мицкоски.

ВМРО има избистрена слика за националните и стратешки интереси на Македонија како никој друг во државата, дециден е Мицкоски.

Ние сме Македонци со македонски јазик, идентитет и историја, со заслужено членство во НАТО и заслужуваме брзо членство во Европската Унија. И тука ја затвораме оваа дебата, а било кој има некаков сомнеж за било која битна тема во иднина,доколку треба да се заштитат интересите… Воопшто не ме прашувајте дали ќе се приклучи ВМРО, планирајте ми однапред бланко место на браникот на националните и државни интереси, затоа што тоа е нашата должност. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.