Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, порача дека на изминатите локални избори се обврзале пред граѓаните дека заедно ќе ги градат општините, поради што е покрената кампањата за отворени денови.

Од Охрид, Сајкоски истакна дека ваквите отворени денови се можност за граѓаните да сугерираат свои предлози и проекти за тие да бидат вградени во идните буџети на општините.

Во Охрид гледаме дека има голем одзив на граѓани кои што се приклучија на оваа идеја за давање на свои предлози идеи за да можат да се решат клучни проблеми за подобрување на квалитетот на живот на луѓето од средините онаму од каде што доаѓаат.

 

Навистина изминатите 365 дена видовме дека се може поинаку, може да се сработи, може да се изгради, може да се реализираат проекти, може да се имаат идеи, тоа е пример за општина Охрид и од она кое што го видовме на политичкиот саем на општини покажа дека се реализирани голем број на проекти иако општината знаеме дека долг период нема средства и е блокирана.

 

На ваков начин заедно со граѓаните веруваме дека и кога ќе дојдеме централна власт ќе може да ги решаваме проблемите и нивните идеи и предлози да бидат вградени во идните буџети кои што ќе ги правиме, порача Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.