Жалам што Бугарите не сфатија дека ние како соседи треба да си помагаме и да одиме напред, а не да се навраќаме на теми кои носат само раздовр. Многу пријатели мои Бугари не се согласуваат со политиките на Каракачанов. Основа на постоење е јазикот, културата, обичаите. Ние како народ сме докажале дека немаме многу допирни точки и дека сме посебен народ, народ кој има свои малцинства кај соседите кои се декларираат како Македонци, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Тој укажа дека од 1946 до 1951 Македонците во Бугарија имаат можност за афирмација на својот идентитет.

-Од денешен аспект политичарите секако зборуваат за историјата. Тоа што го правиме сега е погрешно. Фактите ги утврдила, не само нашата, туку и светската историја, и фактите се наоѓаат во архивите не само наши, туку и во други земји, рече Сајкоски.

Според Сајкоски, Комисијата која работи на оваа проблематика, може да разговараат за се, но јасно кажав светската историја јасно ги ставила границите кој каде е, и што е.

-Нас нема за што да не убедуваат, ние си знаеме кои сме и што сме и што велат документите, рече Сајкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува на своите ставови дека Гоце Делечев е Македонец и оти секој штетен договор се поништува и менува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.