Денеска ВМРО-ДПМНЕ покрај Охрид протестира во уште шест града во Република Македонија. Сакаме да порачаме до Заев и актуелната власт дека борбата, жртвите, идентитетот и континуитетот на постоење на македонскиот народ не можат да бидат предмет на разговори и договори.

Ова вечерва од Охрид го порача генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски.

Додаде дека остро се спротивставуваат на договорот со Бугарија и укажуваат дека веднаш треба да се прекине.

Суверинитетот на една држава се добива со признавање на другите држави. Ние сме признаена држава, меѓудругите и од Република Бугарија. Ама со добивањето на суверенитетот се добива и внатрешното уредување како да си го направи државата. Ние самите можеме да одлучиме за јазикот, може да одлучиме за историјата, за какви учебници во образование ќе имаме.
Исто така сакам да порачам дека историјата не може да биде прашање за кое што ќе се договараат двајца лидери на две држави. Историјата не се решава со два потписи, порача тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.