Ние сме навистина разочарани од фактот што Република Македонија не ги започна пристапните преговори за членство во Европската унија и постојано ја испраќаме пораката дека земјата е подготвена и ги има исполнето сите услови потребни за влез во ЕУ.

Ова го нагласи американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз, одговарајќи на новинарско прашање дали САД очекуваат засилени средби меѓу политичарите и засилена комуникација Скопје-Софија откако Македонија не доби зелено светло за почеток на преговорите.

Ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и во иднина, а го истакнуваме ставот дека иднината на земјата е во продолжување на процесот за членство во ЕУ, изјави амбасадорката Брнз по денешната церемонија на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД, во касарна Чојлија кај Петровец, на која присуствуваше заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.