Владата на денешната 69-та седница донесе заклучок 20 август 2022 година (сабота) да биде неработен ден за граѓаните во општините Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа поради одржување на избор за градоначалници на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, како и избори на членови на Советот на Општина Тетово.

Седницата, како што информираат од владината прес-служба, е одржана преку видеоконференциска интернет врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.