Порталот Инфомакс дознава дека на највисоко владино ниво е договорено истите обвинители од СЈО кои досега ги воделе предметите, да ги водат и од сега, а оваа одлука обвинителот Љубомир Јовески на состанок со обвинителите од СЈО отворено им ја соопштил. Според информациите на Инфомакс, Јовески лично им кажал на обинителите дека договорено е истите обвинители и физички да останат во истите простории и дека ќе им назначи некој веројатно од нив како раководител односно технички координатор.

Иако ова е контрадикторно со изјавата на Јовески дадена вчера на прес-конференција дека за секој предмет ќе биде определено кое Обвинителство конкретно е надлежно стварно и месно да постапува по тој предмет и кој обвинител ќе го застапува конкретниот предмет, Инфомакс пишува дека Јовески го сторил тоа  зашто не смее да ја каже вистината, бидејќи и себеси ќе си направи штета.

Сите обвинители кои се во СЈО, односно полномошници на специјалниот јавен обвинител нивните функции од обвинителствата од кои дошле мируваат и мислам дека имаат тие такви решенија и прашањето за извршување на нивната функција е во надлежност на Советот на јавните обвинители. Јас очекувам дека Советот на јавни обвинители во најскоро време ќе го реши нивниот статус дали тие ќе се вратат од функциите во обвинителството од кое што дошле, рече Јовески.

Освен со јавното обвинителство политичкиот врв на земјата договорил се и со судот, тврди Инфомакс.

Претседателот на судот презел обврска дека судиите овој незаконски начин на преземање на предметите да го прифатат и да го прогласат за законски и ќе ги продолжат судењата по предметите а ќе прифаќаат и нови од оние кои се по истекот на 18 месеци. И тие малку ќе мораат да одглумат дека нешто решаваат, состанчат и одлучуваат, за да личи дека се самостојни, пишува Инфомакс.

Во текстот на порталот се објаснува дека по разрешувањето на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, за чијашто смена премиерот најпрвин јавно кажа дека телефонски разговарал со Блерим Беџети од ДУИ, на секој судија или претседател на суд веќе му е кристално јасно што го чека доколку се спротистави на нарачка од владиниот врв.

Нашите извори говорат дека такво нешто веќе никому од судиите или обвинителите не му паѓа напамет, вклучувајќи го и исходот од судењата, односно пресудите за случаите. Така што, откако деновиве ќе гледаме малку “глума”, лажна неизвесност и демек институциите самостојно ќе одлучуваат, како судовите и ОЈО, така и советот за јавни обвинители и доколку затреба и судскиот совет, па да видиме што ќе решат. Всушност се е веќе догооврено, решено и нарачано од владиниот и политички врв на земјата. Обвинителите и судиите треба само да спроведат, што веќе го прифатиле.

Целата оваа операција власта ја прави со цел во последната година пред парламентарните избори, освен затворски пресуди за голем дел од поранешните членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да отворат случаи дел од нив проследени и со апсења и за актуелните раководители на партијата од потесното и поширокото раководство на партијата, и на тој начин со создавање нови лажни и фабрикувани случаи како што и претходно правеа поранешното раководство, дополнително да ја намалат подршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори со цел да останат на власт по изборите, пишува Инфомакс.


Извор: Инфомакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.