За Македонија, за разлика од Албанија, има малку простор за почеток на преговорите, рече холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот Самит во Брисел.

Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија сè уште има малку простор, рече премиерот на Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.