Обвинителот Бурим Рустеми бара од судот да не се прифатат доказите што ги предложија бранителите на обвинетите во случајот ТНТ. Тој од судијата Огнен Ставрев бара да не ги прифати овие докази да се изведат бидејќи би се довело во прашање судењето во разумен рок.

Не сметам дека е потребно да се изведуваат докази за кои може да се утврди фактичката состојба. Повикувањето на сведоците исто така ќе ја одолговекува постапката.Целта е да се опструира процесот и да спречи судот да го финишира овој процес кој се суди веќе четири години – рече Рустеми.

На тоа бурно реагираше одбраната барајќи го правото да им се дозволи да се изведат доказите кои биле веќе изведени во првиот процес за кои во текот на постапката беа изведени докази за кои одбраната даде согласност истите само да се прочитат.

Судијата Ставрев даде пауза по што ќе донесе одлука по доказите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.