На денешното рочиште во случајот „Рекет“ сведочеше поранешниот обвинител во СЈО Бурим Рустеми.

Тој истакна дека предметот „Поштенска банка“ се оформил од прислушуваните материјали и имало предлог за притвор за три лица, но судот тоа не го прифатил и одредил само мерки за претпазливост и одземање на пасошите.

Потоа имало предлог за замрзнување на имотите на Главчев и Димитровски. Рустеми истакна дека за еден стан кој бил сопстеност на Главчев, тогашната специјална обвинителка Катица Јанева побарала да се тргне од замрзнување бидејќи бил продаден на нејзина пријателка и само би се направила штета.

Јанева потоа побара да му се врати пасошот на Главчев во замена за гаранции за машини вредни еден милион евра, нагласи обвинителот.

Обвинителката Смаќоска го запраша Рустеми како се чуствувал кога дознал за намерите и искреноста на Јанева по што тој одговори дека по разговорот со Лиле Стефанова дошле до знаење дека е можно станот да е во сопственост на Сашо Василевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.